Корона – дезинфекција: Сите намирници во када

103

Британка одлучила сите намирници што ѝ биле доставени до дома да ги потопи во када за да биде сигурна дека не се заразени со коронавирусот.

“Какви мерки за претпазливост преземате за време на глобалната пандемија? Мојата мајка ги капе намирниците доставени од Tesco“, напиша ќерката на оваа Британка на Twitter.

За кратко време твитот веќе имаше над 99.000 лајкови, а фотографијата беше споделена над 25.000 пати.

Фото: Twitter