Корона вирусот ги сруши индексите на њујоршката берза Wall Street

78

Индексите на њујоршката берза Wall Street забележаа голем пад, по новото зголемување на бројот на заразени со коронавирусот. Лошиот резултат го намали неодамнешниот оптимизам дека економијата би можела брзо да закрепне од најтешката криза во последните децении.

Dow Jones падна за 1.862 поени или 6,9%, додека Nasdaq падна за 5,3%.

Индексот The S&P 500, падна за 5,9%, што е најлош резултат во еден ден од средината на март кога акциите паѓаа нагло поради воведувањето рестриктивни мерки за борба против коронавирусот.

Како што пренесуваат странските медиуми, бројот на заразени со вирусот повторно расте во САД, како резултат на пообемни тестирања, но и послободно движење на луѓето и обновување на деловните активности.

Според официјалните податоци, бројот на заразени лица во САД надмина два милиона.

Фото: Facebook