Коронакризата ги “стегна“ и производителите на кравати

40

Коронакризата сериозно влијае на производителите на кравати во Германија. Здружението за трговија со текстил објави дека модните трговци загубија продажба од околу пет милијарди евра помеѓу март и август 2020 година.

“Бизнисот со машка мода помина уште полошо и може да се претпостави дека во трговијата со кравати има пад на продажбата од најмалку 50%. Но, тоа е само проценка“, рече портпаролот на Здружението, Аксел Августин.

Вкупниот промет на облека во Германија неодамна изнесуваше 60 милијарди евра без обувки. Сепак, самите производители на кравати известуваат за изгубена продажба.

“Првите неколку месеци од кризата беа крајно проблематични затоа што продавниците во Германија и другите европски земји мораа да се затворат“, изјави Барбара Пауен, директор на компанијата Ascot, што произведува кравати. Додава дека купувањето преку интернет не можеше да ја надополни загубата на продажбата, којашто опадна за 50 до 60%. 

Тешко е да се предвиди колку брзо краватата ќе го најде патот за излез од кризата. Пауен е убедена дека Ascot ќе ја преживее кризата. Според нејзе, со текот на годините е забележано дека се носат помалку кравати, а овој тренд се зголемил само за време на коронакризата.

Фото: Pixabay