Короната им го намали обемот на основната дејност, а сега со новиот бизнис не можат да постигнат

226

Преградите од плексиглас моментално се “жешка стока“. Компаниите ги бараат за да ги заштитат од коронавирус своите работници, но и клиентите. Добрата заработка привлече многу фирми кои досега не се занимавале со плексиглас, да влезат на тој пазар.

Една од тие фирми е компанија од хрватскиот град Света Недела, чијашто основна дејност е изградба и сервисирање на бензински пуми, а пред два месеца почнале со монтирање на прегради од плексиглас.

“На сите ни се случи корона. Сите бараме начин да дојдеме до нови клиенти. Обемот на нашата основна дејност се намали и преградите од плексиглас ни се видоа како добра прилика. Ако не се шириш пропаѓаш“, вели маркетинг директорот на компанијата Piraex.

Купувачи на нивните прегради се приватни лица, фризерски салони, банки, продавници…

“Телефоните не престануваат да ѕвонат цел ден. Поради обемот на работа повикавме и монтери и столари кои имаат пад на приходот да ни се придружат“, велат од компанијата.

Причината поради која заштитните прегради се прават од плексиглас, а не од стакло е можноста за полесна монтажа и обработка. На лице место може се да се прилагоди. Цената на плоча плексиглас од еден квадрат оваа компанија го продава за 113 евра, а користат само плочи од осум милиметри поради цврстина и стабилност.

Фото: Pixabay