Коронавирусот би ја чинел Србија околу 900 милиони евра

56

Доколку пандемијата на коронавирусот заврши до јуни, штетите за српската економија ќе бидат околу 900 милиони евра, но ако потрае до крајот на годината, може да се удвои, предупредуваат тамошните аналитичари, пренесува Nova.rs.

“Доколку епидемијата заврши во текот на првата половина од годината, штетата би изнесувала околу 900 милиони евра, што одговара на вредноста на два процентни поени на економскиот раст“, вели Милојко Арсиќ, професор на Економскиот факултет во Белград.

Тоа значи дека планираниот раст на бруто домашниот производ според тоа сценарио би се намалило двојно, па наместо четири, до крајот на годината БДП би имал раст од 2% во споредба со минатата година.

“Доколку пандемијата трае во текот на целата 2020 година, негативните ефекти врз економијата би биле уште посилни, а српската економија би влегла во рецесија, додека фискалниот дефицит би надминал 3%“, додава професорот на Економскиот факултет во Белград.