Коронавирусот трајно го смени глобалниот пазар на труд

45

Пандемијата од коронавирусот предизвика длабоки и трајни промени на глобалниот пазар на труд, констатираат глобалните финансиски и политички лидери.

“Мислам дека би биле во заблуда доколку мислиме дека ќе се вратиме на старо. Мислам дека мора да имаме визија за новото нормално“, рекол гувернерот на централната банка на Филипините, Бенјамин Диокно.

Досега од коронавирус се заразиле најмалку 90,5 милиони луѓе ширум светот, а како последица од заразата починале 1,9 милиони. Пандемијата од темел ги промени компаниите и работниците скоро во сите земји од светот паралелно со воведување на строг карантин.

Огромната загуба на работни меса создава фискален јаз којшто би можел дополнително да создаде нееднаквост меѓу богатите и сиромашните земји. Експертите проценуваат дека во првите три месеци од 2020 година глобалниот доход од труд е намален за 10,7% во споредба со истиот период 2019 година.

Пандемијата им го преобликуваше работниот ден на вработените, бидејќи милиони повеќе не работат во канцеларија, туку од дома. Многумина беа задоволни што повеќе не мора да патуваат со јавен превоз, туку ќе си останат дома.

Анализите покажуваат дека поголем дел од вработените во иднина би сакале комбинација од работата од дома и во канцеларија.

За компаниите тоа значи дека мора да најдат алтернативни решенија за да може вработените да останат поврзани, не само поради продуктивност, туку и поради општо задоволство.

Фото: Freepik