Корупцијата го чини светот 1.000 милијарди долари

23

Фото: Pixabay

Доколку не постои корупција, во светски рамки би се инкасирале дополнителни 1.000 милијарди долари приходи од даноци, покажуваат податоците на Меѓународниот монетарен фонд, пренесе Reuters.

И покрај зголемувањето на државните приходи, борбата против корупција може да придонесе да се намали користењето на јавните ресурси, како и подигнување на нивото довербата на јавноста во властите.

Во анализата, што опфаќа 180 земји во светот, е утврдено дека најкорумпираните земји собираат помалку даноци, бидејќи во нив често пати се дава мито за да се избегне данок.

За да се намали корупцијата, меѓу препораките на ММФ се: професионализација на јавниот сектор, вработување во администрација според заслуга, како и поедноставување на даночните прописи.