Костиќ: Здружувањето на фирмите во регионот е единствено решение за настап на странски пазари

66

MiodragKostic_14

Миодраг Костиќ, сопственикот на компанијата МК група и еден од најбогатите луѓе на Балканот, на средбата меѓу српски и косовски бизнисмени што викендов се одржа во Грачаница, во близината на Приштина, предупреди дека конкуренцијата ќе го прегази регионот доколку не дојде до здружување.

“Голема работа е што претприемачите во овој дел од регионот воочуваат колку е битно воспоставувањето на добра соработка. Мојот став како бизнисмен е дека обединувањето на фирмите во регионот е единствено решение за настап на странски пазари. Без лажна скромност, сите сакаме да извезуваме надвор и да заработиме повеќе пари”, вели Костиќ, пишува Блиц.

Миодраг Костиќ и претходно излегуваше со став дека на Балканот му е неопходно поврзување на компаниите, затоа што само така може да се зголеми конкурентноста на економиите на земјите во регионот и да се зголеми нивниот бруто домашен производ. Само така економиите на малите земји можат да се борат со конкуренцијата на светскиот пазар, која доаѓа од развиени земји.