Котација на државни обврзници

65

Согласно Барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 21.04.2021 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

Вид на хартии од вредност: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 957.700.000 денари
Број на издадени хв: 95.770
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 денари
Датум на издавање: 15.04.2021
Датум на достасување: 15.04.2036
Каматна стапка: 2,5%
Шифра на тргување: M150436
ИСИН: MKMINF20GW18

Вид на хв: државни обврзници со евро клаузула
Вредност на емисијата: 906.310.000 денари
Број на издадени хв: 90.631
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 денари
Датум на издавање: 15.04.2021
Датум на достасување: 15.04.2036
Каматна стапка: 2,2%
Шифра на тргување: M150436D
ИСИН: MKMINF20GW26