Котација на државни обврзници на македонска берза

24

Од Македонска берза информираат дека по поднесено барање за котација од страна на Министерството за финансии, почнувајќи од 24.04.2019 година, на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација и ќе започне тргувањето со државни обврзници со вкупна номинална вредност од 900.010.000 денари.

Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.