Котација на државни обврзници од 494 милиони денари

62

Согласно Барањето од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 18.01.2021 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници.

Тие ќе ги имаат следните карактеристики:

Вид на хартија од вредност: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 494.000.000 денари
Број на издадени хартии од вредност: 49.400
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 денари
Датум на издавање: 14.01.2021
Датум на достасување: 14.01.2036
Каматна стапка: 2,5%
Шифра на тргување: M140136
ИСИН: MKMINF20GV50