Котација на државни обврзници во вредност од 900 милиони денари

31

По поднесено барање за котација од страна на Министерството за финансии, почнувајќи од 10.02.2020 година, на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација и ќе започне тргувањето со државни обврзници со вкупна номинална вредност од 900.040.000 денари, стои во соопштението.

Обврзниците се издадени во денари, со годишна исплата на камата, додека главнината се исплаќа на денот на достасувањето.

Фото: Pixabay