Котација на државни обврзници

31

Од Македонска берза информираат дека почнувајќи од 22.10.2020 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

Вид на хартија од вредност: државни обврзници со евро клаузула
Вредност на емисијата: 520.000.000 денари
Број на издадени хв: 52.000
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 денари
Датум на издавање: 15.10.2020
Датум на достасување: 15.10.2030
Каматна стапка: 1,5%
Шифра на тргување: M151030D
ИСИН: MKMINF20GU36
Распоред на тргување: Континуирано тргување

Вид на хартија од вредност: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 2.762.000.000 денари
Број на издадени хв: 276.200
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 денари
Датум на издавање: 15.10.2020
Датум на достасување: 15.10.2030
Каматна стапка: 2%
Шифра на тргување: M151030
ИСИН: MKMINF20GU28
Распоред на тргување: Континуирано тргување

Фото: Freepik