Одборот на директори на Македонската Берза на 18.06.2019 година донесе одлука за котација на Осумнаесеттата емисија на обврзници за денационализација.
Осумнаесеттата емисија на обврзници за денационализација е со следните карактеристики:
– Вид на хартијата од вредност: Осумнаесеттата емисија на обврзници за денационализација, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
– Издавач: Република Северна Македонија;
– Вкупен износ на емисијата: 6.500.000 евра;
– Номинална вредност на една обврзница: 1,00 евро;
– Број на издадени обврзници во емисијата: 6.500.000;
– Датум на издавање: 17.06.2019 година;
– Каматна стапка: 2% годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата. Каматата се пресметува од 17.06.2019 година;
– Рок на достасување на обврзниците: 01.06.2029 година;
– Начин на отплата: Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2020 година;
– Почеток на тргување со обврзниците: 21.06.2019 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
– ИСИН: MKMINF200DI1;
– Шифра за тргување на Берзата: RMDEN18;
– Распоред на тргување: Континуирано тргување.