Котација на Осумнаесеттата емисија на обврзници за денационализација

327

Одборот на директори на Македонската Берза на 18.06.2019 година донесе одлука за котација на Осумнаесеттата емисија на обврзници за денационализација.

Осумнаесеттата емисија на обврзници за денационализација е со следните карактеристики:
–    Вид на хартијата од вредност: Осумнаесеттата емисија на обврзници за денационализација, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
–    Издавач: Република Северна Македонија;
–    Вкупен износ на емисијата: 6.500.000 евра;
–    Номинална вредност на една обврзница: 1,00 евро;
–    Број на издадени обврзници во емисијата: 6.500.000;
–    Датум на издавање: 17.06.2019 година;
–    Каматна стапка: 2% годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата. Каматата се пресметува од 17.06.2019 година;
–    Рок на достасување на обврзниците: 01.06.2029 година;
–    Начин на отплата: Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2020 година;
–    Почеток на тргување со обврзниците: 21.06.2019 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
–    ИСИН: MKMINF200DI1;
–    Шифра за тргување на Берзата: RMDEN18;
–    Распоред на тргување: Континуирано тргување.