Котираните друштва на Берза заклучно со септември прокнижија 9.451.848.736 денари добивка

17

profit-i-zaguba

Вкупно 83 од 108 компании коишто котираат на Македонска берза, заклучно третиот квартал од оваа година, евидентираа добивка во висина од 9.451.848.736 денари, покажува Прегледот на финансиски резултати на котираните друштва објавен на Македонска берза.

Една година претходно, 75 од вкупниот број на котирани друштва успеаја да остварат добивки во вкупна вредност од 7.579.352.833 денари.

Од друга страна, 25 компании третиот квартал од оваа година го завршиле со загуба во висина од 385.770.201 денари. Истиот период минатата година, 33 од котираните компании прикажале загуба од 1.334.635.120 денари.

За овој преглед, берзата ги користеше податоците од неревидираните биланси на успех на котираните друштва објавени на СЕИ Нет.