Ковид -19 ја испраќа шведската маса во историја

467

Пандемијата на коронавирусотќе помине, но промените што ќе ги донесе во туристичкиот сектор ќе бидат радикални. Избегнување на гужвите и укинување на  системот “шведска маса“ ќе бидат меѓу најочигледните промени.

Булут Багчи, претседател на Светскиот туристички форум, изјави за агенцијата Анадолија дека луѓето на некој начин ќе бидат трауматизирани од ситуацијата со пандемијата, иако нема да трае вечно, но секако ќе се одрази на навиките на туристите.

Туризмот е еден од секторите најпогодени од пандемијата, а последици ќе трпи и откако ќе заврши, бидејќи луѓето ќе се обидат да ги избегнат непотребните контакти.

“На прво место, луѓето ќе се плашат повторно да патуваат и ќе биде потребно време да се вратат на своите стари навики“, рече Багчи.

Тој истакна дека луѓето ќе избегнуваат преполни хотели некое време и наместо тоа ќе бидат популарни бутик хотели или затворени одморалишта. Туристичката сезона, исто така, може да се промени.

“Луѓето повеќе нема да сакаат да патуваат во време на најголемата гужва. Наместо тоа, тие ќе одат на годишен одмор за време на мирни периоди кога ќе има помалку туристи“, вели Багчи и додаде дека една од радикалните промени ќе биде системот на исхрана

До сега, шведската маса беше вообичаен концепт во туристичкиот сектор, но тој ќе исчезне на неодредено време затоа што луѓето веќе нема да сакаат да земат храна со истиот прибор како стотици други.

Багчи вели дека претходно 2.000 луѓе јаделе од истата маса во хотел со 800 соби, но тој концепт веројатно ќе се избегне за да се одржи социјалната дистанца.

Фото: Pixabay