Ковид “отвори“ нови работни места – Овие занимања ги креираше пандемијата

53

Пандемијата на коронавирусот го смени скоро секој аспект на животот, од начинот на којшто работиме до начинот на којшто трошиме.

Вирусот, исто така, создаде побарувачка за нови типови деловни активности. Додека компаниите размислуваат како да ги вратат своите вработени во канцелариите на најбезбеден начин, многумина ангажираат луѓе да мерат температури и да помогнат во тестирање на вирусот.

“Во минатите рецесии, имавме пораст на работните места како лице за наплата на долгови и советници за банкрот“, рече економистката Јулија Полак, додавајќи дека коронавирусот создал цел спектар на нови работни места потребни за борба против болеста, пишува CNBC. Еве неколку работни места чијашто популарност расте:

Трагачи за контакти

Овие лица се јавуваат на луѓе кои е можно да се заразени со вирусот за да им дадат совети и да се обидат да договорат тестирање. Работата може да се извршува од дома, хонорарно или со полно работно време. Се плаќа до 25 долари на час.

Ковид лаборанти

Овие работници ќе земаат брисеви во болници, старечки домови, фабрики и канцеларии, и веројатно е дека повеќето од нив ќе бидат од медицинска струка. Платата може да биде и до 45 долари на час.

Ковид негователи

Постои зголемување на побарувачката за негователи кои се грижат за заразените.  Платите обично одат до 25 долари на час.

Мерачи на температура

Аеродроми, стадиони, ресторани, училиштата, компании… за време на пандемијата, на сите овие локации треба да има работници кои ја проверуваат температурата пред да влезат. Платата се движи до 25 долари на час.

Службеник за спроведување на законот

Се вработуваат лица кои им помагаат на службениците да ги следат поплаките против граѓаните кои нарушуваат социјално растојание и други мерки воведени заради вирусот. Трудот се плаќа до 30 долари на час.

Производители и монтери на прегради

Компаниите и училиштата ќе треба да инсталираат плексиглас и кабини ако сакаат да примаат студенти, работници и клиенти на безбеден начин. Како резултат на тоа треба да има голема побарувачка за луѓе кои можат да прават и поставуваат вакви структури. Платата може да биде до 20 долари на час.

Производители на маски за лице

Луѓето, како што стојат работите сега, би можеле да носат маски за лице долго време. Според некои предвидувања, побарувачката за производители на маски ќе се зголеми. Луѓето кои прават маски се плаќаат до 18 долари на час.

Фото: Pixabay