Козметички гигант ќе ја користи вселената како рекламен реквизит

91

Глобалната рецесија предизвикана од пандемијата од коронавирус ги поттикна брендовите да бидат покреативни во своето рекламирање, бидејќи потрошувачите ги намалуваат своите трошоци.

Козметичката индустрија троши значително помалку на традиционални огласи и бараат нови начини да се пробијат на пазарот.

Така компанијата Estee Lauder соопшти дека ќе биде прв бренд за убавина кој отишол во вселената.

Гигантот ќе испрати производ за да ја рекламира својата иновација за нега на кожата. Компанијата ќе ја користи Меѓународната вселенска станица како рекламен реквизит.  На прашањето колку ќе чини сето тоа, тие велат за колку што плаќаат инфлуенсер за неколку објави на Инстаграм.

Сепак, медиумите пишуваат дека американскиот козметички гигант ќе потроши 128.000 долари за НАСА да пренесе 10 шишиња од тој кожен серум до Меѓународната вселенска станица. Астронаутите, наводно, ќе го фотографираат производот на Estee Lauder во контролната кула на куполата, која има панорамски поглед на вселената.

Фото: Pixabay