Фабриката на Ауди во Брисел е пред затворање по 75 години, а доколку нема директен договор со вработените, за што се подготвува менаџментот, производството ќе заврши во првиот квартал од следната година.
Германските медиуми јавуваат дека шестите и последни преговори меѓу работниците и раководството за социјалниот план ескалирале, а позициите меѓу работодавците и претставниците на вработените се заострија и очигледно веќе не е можен договор.
„Ауди беше подготвен на компромис до крај. За жал, социјалните партнери ја одбија нашата последна, дури и подобрена понуда. Затоа сега се подготвуваме директно да им пристапиме на вработените со понудата“, изјави директорот на продукцијата Герд Вокер.
Покрај законските отпремнини, филијалата нуди и свој, доброволен бонус на компанијата, кој зависи од стажот на поединецот, што според нив е „многу фер понуда“.
За претставниците на белгиските вработени оваа понуда била несоодветна.
Ова го означува крајот на ерата во Белгија која започна пред 75 години, кога првото возило излета од производната лента во Брисел.
Пред да го преземе „Audi AG“ во 2007 година, локацијата и припаѓаше на матичната компанија Volkswagen од 1970 година и таму беа изградени неколку популарни серии на модели, како што се Golf, Polo, Audi A1 и A3.