Крајот на годината – најдобро време за донесување деловни одлуки

67

stikeri-pixabay

Фото: Pixabay

Кога годината се приближува кон крајот, доаѓа најдоброто време за резимирање на годишното работење. Сега е вистинско време за донесување важни деловни одлуки и планови кои ќе го одбележат понатамошното работење на компанијата. За што подобро да се подготвите за следната година, порталот Business news нуди пет совети:

Проверете ги цените на производите/услугите

Најдобро време за ускладување и вреднување на трудот и производите е токму сега. Размислете дали некои цени треба да се корегираат, да се надополнат услугите или да се измени понудата. Ова е одличен начин да ги издвоите сопствените производи и услуги од постоечката конкуренција.

Оживејте го работниот простор

Ако веќе не сте, крајно време е да се организирате. Проверете што навистина ви треба од хартиите на работната маса и средете го работниот простор. Направете си опкружување кое ќе ве поттикнува на работа и ќе ви помогне во креативноста.

Средете ги работите што биле на чекање

Средете ги сите работи и обврски што биле на чекање поради тековните обврски. Често во текот на годината се случува поради важни работи да не стигнете да одговорите на сите мејлови и да ги проверите сите детали што сте сакале, а сега е најдобро време да ги надоместите тие заостатоци. Средете ги и административните работи да не ве дочекаат во новата година.

Поставете си ги целите

Многу луѓе на почетокот на годината си поставуваат цели кои сакаат да ги остварат. Но, најчесто се случува тие цели да останат само неостварени желби. За да не ви се случи тоа и вам, поставете две главни рамки. Прво, поставете неколку долгорочни цели кои можат да се остварат за неколку години или некој подолг временски период. Потоа поставете пореални цели кои ќе можете да ги постигнете во пократок временски период.

Фокусирајте се на партнерите и клиентите

Колку и да се добри и единствени вашите производи и услуги, доколку немате задоволни корисници и клиенти, нема ништо да ви значат. Насочете го вниманието на задоволството на деловните партнери, но и на купувачите на вашите производи. Покажете им дека имате разбрирање на нивните потреби и дека мислите на нив.