Кралот на бананите основаше авиокомпанија под името Air Adriatic

37

Кралот на бананите, Изет Растодер основаше авиокомпанија под името Air Adriatic и планира набавка на два помали авиони, пишува 24ur.com.

Растодер е еден од петте понудувачи за имотот на пропаднатиот словенечки авиопревозник Adria Airways.

Тој со меѓународна трговија на банани се занимава веќе 20 години и за тоа време му успеа да се најде во друштво на тројцата најголеми играчи во Европа и шест најголеми во светот.

Најголем трговец со банани во светот е компанијата Dole, што е негов главен трговски партнер. Растодер купува банани од Еквадор, Костарика и други земји од Централна и Јужна Америка, а потоа истите ги продава во Северна и Јужна Америка, арапските земји, Русија и Европа.

Словенечкиот авиопревозник Adria Airways е под стечај поради финансиски проблеми.

Фото: Pixabay