“Кралот на кашмирот“ ја остава својата компанија на ќерките, но има услов

122

Светски познатото име на висока мода, Бруно Кучинели, или како што го нарекуваат “крал на кашмирот“, одлучи својата компанија Cucinelli да ја пренесе во рацете на неговите две ќерки. Тој ќе го стори тоа, но под услов “да ја заштитат компанијата, фондацијата што ја основа, селото каде што е основана компанијата и кое тој целосно ги обнови и пред сè вредностите врз кои ја заснова својата компанија“.

Неговата компанија е позната не само по луксузни производи, меѓу кои најпознати се облеките од кашмир, туку и по вниманието кон персоналот, од кои многумина работат во селото Соломео, кое Кучинели успешно го ревитализира и обнови.

Пред две години, пред Божиќ, Кучинели на своите вработени им подели премии во износ од 6.000 евра по лице. Во изјавата, Бруно Кучинели рече дека 20 години размислувал за иднината на компанијата што ја создал.

“Видов успешни и богати компании кои не успеаја затоа што наследниците се скараа или не можеа да се договорат за тоа како да продолжат и да го делат наследството. И затоа, кога наполнив 60 години, решив да им оставам сè на моите ќерки, под одредени услови што ќе гарантираат дека работата ќе продолжи во истиот дух“, рече Бруно Кучинели.

Меѓу условите е дека во иднина, менаџерите кои ќе наполнат 60 години не можат да продолжат да бидат менаџери и дека после тоа можат да ја извршуваат функцијата советници. Компанијата Кучинели е основана во 1978 година и денес е симбол на луксузни италијански модни производи продадени ширум светот.

Инаку, италијанскиот дизајнер донираше облека од негови колекции што не успеал да ги продаде, бидејќи бутиците беа затворени во текот на пандемијата.

Фото: Facebook