Кражба на криптовалути вредна околу 534 милиони долари

bitcoinФото: Pixabay

Една од најголемите дигитални берзи во Јапонија, Coincheck беше жртва на хакерски напад при што изгуби 534 милиони долари (околу 523 милиони NEM монети) од помалку познатата криптовалута NEM. Валутите биле украдени преку неколку неавторизирани трансакции во петокот во три часот наутро, објави Cointelegraph.
Од Coincheck соопштија дека веќе им е позната дигиталната адреса каде што се испратени украдените пари и ќе направат сè што можат за да им ги надоместат загубените финансиски средства на инвеститорите. Во меѓувреме, Coincheck ги суспендира сите активности поврзани со криптовалутите додека не се изврши целосна проценка колку NEM коини се изгубени.

Украдените пари биле чувани во делот на берзата којшто е поврзан со интернет, додека другите криптовалути се сместени во делот каде нема интернет конекција.

Пред неколку години, дигитална берза од Токио пропадна по хакерски напад во којшто изгуби 400 милиони долари.