Креативен конкурс на Шпаркасе Банка и Пакомак за чиста животна средина

44

Во периодот од 01.10 – 31.10.2018 година. Шпаркасе Банка организира награден конкурс (акција) за промовирање на позитивните вредности од штедењето и подигнување на еколошката свест.

Банката ќе ги награди најдобрите уметнички дела од пластика или хартија на тема штедење со парични награди на штедна книшка.

Креативниот конкурс е наменет за децата од градинките и од основните училишта, на тема штедење. За  пријавување на конкурсот, потребно е да се достави фотографија од креативната творба на електронската пошта [email protected] , најдоцна до 31.10.2018 година.

Доделувањето на наградите ќе биде на 04.11.2018 во емисијата Горе долу, сите сме еднакви, со Ивце Пивце.