Креаторите на Talking Tom и оваа година најбогати Словенци

33

talking-tom-facebook

Фото: Facebook

Брачната двојка Иза и Само Логин, основачи на компанијата Outfit7 којашто стои зад познатата апликација Talking Tom, и оваа година се најбогати Словенци, пишува RTV Slo.

Богатството со коешто располага оваа брачна двојка се проценува на 689 милиони евра, што е 1% помалку во однос на минатата година. Во овој износ влегуваат приходите и дивидендата од продадениот удел од Outfit7, којашто на почетокот на оваа година е продадена на конзорциум од азиски компании.

Стоте најбогати Словенци, според магазинот Manager, оваа година го зголемија своето богатство за 12,5% на 5,178 милијарди евра.

Зад Иза и Само Логин, според богатството, се најде основачот на Студио Модерна Санди Чешко, кој до 2013 година беше најбогатиот Словенец. Трет најбогат според оваа листа е Марко Пистотник, поранешен ко – сопственик на Outfit7, со богатство од 210 милиони евра.