Креаторите на Talking Tom трета година по ред најбогати Словенци

41

slovenci

Најбогати Словенци, трета година по ред се брачниот пар Иза и Само Логин, основачи и сопственици на 60% од компанијата што се занимава со развој на мобилни апликации Outfit7. Брачниот пар е најпознат по глобално успешната апликација Talking Tom. Вредноста на нивното богатство магазинот Менаџер го процени на 699 милиони евра, а минатата година нивното богатство тежеше 855 милиони евра. Меѓу 100 – те најбогати Словенци, покрај семејството Логин се наоѓаат уште пет косопственици на Outfit7, пишува словенечко Delo.

Со богатство од 255 милиони евра, второто место оваа година го зазема Јоц Печечник, кој е сопственик на 90% од компанијата Interblock што произведува опрема за коцкарници.

Третото место го заземаат Татјана и Албин Добершек, основачи на инженеринг компанијата Engineering Dobersek, со богатство од 222 милиони. Од листата најбогати 100 Словенци испадна Мирко Туш, сопственик на трговскиот ланец Туш, кој беше најбогат Словенец во првите четири години од изработката на пописот, вклучувајќи ја и 2010 година.