Креаторот на Android го промовираше својот смартфон

1

esential

Фото: Essential

Енди Рубин, еден од креаторите на оперативниот систем Android, го претстави својот паметен телефон. Рубин ја напушти компанијата Google во 2014 година и ја основаше компанијата за инвестирање во технологија Playground. Компанијата Essential е само една од компаниите што ги финансира, а паметниот телефон Essential Phone е првиот производ, пишува BBC.

Essential е направен од титаниум и керамика, а на рабовите има две магнетни точки што овозможуваат едноставно спојување на додатоци како камерата од 360 степени. На задната страна има две камери, а комбинираните леќи му овозможуваат на корисникот да направи подобри фотографии во услови на слаба светлина. Камерата има осум мегапиксели. На телефонот не е поставено лого, а тоа придонесува за неговиот елегантен дизајн. Essential е достапен во четири бои: Black Moon, Stellar Grey, Pure White и Ocean Depths.

Телефонот користи оперативен систем Android и може да се купи во САД по цена од 699 долари.