Креди Агрикол ја продава грчката банка Емпорики за едно евро

90

Француската банкарска групација Креди Агрикол најверојатно ќе ја продаде својата грчка филијала Емпорики за едно евро. Според информациите објавени во француски медиуми, Креди Агрикол во август добила понуди за Емпорики од три грчки банки – Еуробанк Ергасиас, Националната Банка на Грција и Алфа Банк. Сите понуди биле слични, односно трите грчки банки предложиле да ја преземат филијалата на Креди Агрикол во Грција за симболична сума од едно евро.

Ако Креди Агрикол ја продаде својата грчка филијала за едно евро, ќе претрпи за 600 до 700 милиони евра поголеми загуби од предвиденото, оценува Волстрит журнал.