Кредитна картичка со дигитален дисплеј за поголема безбедност

20

kreditna karticka bezbednost

Кредитна картичка со дигитален дисплеј генерира случаен безбедносен код, со што ја зголемува безбедноста на корисниците, пишува BBC.

Постоечкиот испечатен троцифрен безбедносен код на кредитните картички се заменува со мини екран којшто го прикажува кодот што автоматски се менува на секој час. За да може да функционира, кредитната картичка има тенка литиумска батерија којашто трае три години.

Зад дизајнот на оваа безбедна кредитна картичка стои француската компанија Oberthur Technologies. Од компанијата велат дека се во преговори со неколку банки во Велика Британија, а планираат овие кредитни картички да почнат да се користат во Франција до крајот на годината.

Измамите со кредитни картички банките годишно ги шинат и по неколку милиони фунти.