Крипто-хакери украле повеќе од три милијарди долари оваа година

Chainalysis ја сподели статистиката за хакерски напади во крипто-светот. Главна цел беа централизираните менувачници, додека во последно време се поголем акцент се става на децентрализираните менувачници. Интересно е што овој месец води по бројот на хакерски напади и нивните активности.
Иако сме само на половина пат до октомври, досега во 11 различни хакерски напади, од протоколот DeFi се украдени околу 718 милиони американски долари.

Четирите хакирања што се случија пред една недела ги вклучија Rabby Wallet, QANPlatform, Temple DAO и Mango Markets. Најголемиот од овие четворица беше хакирањето на протоколот DeFi Mango Markets базиран на мрежата на Солана, во кој беа украдени околу 115 милиони долари.

Изгледа 2022 година, според бројот на хакерски напади,  се заканува на минатата година, што беше рекордна со повеќе од три милијарди долари штета.

Историски гледано, првиот и можеби еден од најзначајните крипто-хакерски напади се случи во 2011 година. Станува збор за Mt. Gox чие седиште беше во Токио. Во тој момент имаше околу 70 отсто од вкупниот светски промет на крипто-валути. Кога берзата била хакирана, биле украдени биткоини во вредност од 8,75 милиони долари. Иако берзата вети дека ќе ги подобри своите безбедносни механизми, таа доживеа уште еден напад во 2014 година. Тогаш нападот беше многу поголем. Украдени се речиси 850.000 биткоини (615 милиони долари). Ако ги ставиме овие бројки во денешни рамки, ќе ни биде јасно дека сумите се многу поголеми од денешен аспект.