Кристалина Георгиева избрана за генерален директор на ММФ

40

Кристалина Георгиева е избрана за генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Нејзиниот мандат, којшто ќе трае пет години, започнува од први октомври.

“Имам голема чест што сум избрана за генерален директор на ММФ и голема благодарност за довербата што ми ја укажаа членовите на Извршниот одбор на фондот. Сакам да ѝ се заблагодарам на мојата претходничка, Кристин Лагард, која е голем лидер и моја пријателка, чија визија и напорна работа придонесоа за голем успех на ММФ“, вели Георгиева во нејзиното обраќање по повод назначување на челната функција на ММФ.

Инаку, 66-годишната Георгиева е родена во Бугарија, по професија е економист и политичар, како и членка на Европската комисија. Таа доаѓа на местото на Кристин Лагард, која сега е на чело на Европската централна банка.

Фото: ММФ