Критичарите за Samsung Galaxy Gear – добра реклама за не толку добар производ

82

samsung

Она што во постарите филмови и цртани беше научна фантастика, Samsung го направи да биде реалност. Барем кога се рачните часовници во прашање. А кога се критичарите во прашање, тие се согласни во две работи: прво, Galaxy Gear не е ништо посебно и второ, маркетингот на Samsung станува се подобар и подобар – сфатил како успешно да продаде неуспех.

Galaxy Gear е андроид – часовник кој се поврзува со паметен телефон преку Bluetooth. Прикажува дојдовни нотификации како повици и пораки и овозможува барање и примање повици со помош на вградени звучник и микрофон.