Кризата не ги поштеди ниту спортските работници

26

Во вториот квартал од оваа година, 801.700 лица на возраст од над 15 години во Европската унија беа вработени во спортски и фитнес сектор, што е 0,4% од вкупниот број на вработени, покажуваат податоците на Eurostat.

Поголем дел од спортските работници (57%) се мажи и 48% од нив биле на возраст меѓу 15 и 34 години.

И спортските работници не останаа имуни на пандемијата, па споредено со првиот квартал од оваа година, има пад на вработените за 6%. Најмногу погодени се младите на возраст меѓу 15 и 34 години.

Во рамки на Унијата, во вториот квартал од оваа година, имало 215 спортски работници на 100.000 жители над 15 години. Анализирано по земји, Шведска има најголем процент на спортски работници (583 на 100.000 жителите над 15 години), по што следат Кипар (340), Ирска (327), Финска (316) и Данска (310).

Од друга страна, најмал удел имаат спортските работници во Белгија (81 на 100.000 жители над 15 години), по што следат Романија (87), Полска (109), Чешка (123) и Словачка (128).

Фото: Freepik