Кризата со чиповите за автомобили продолжува да се продлабочува

86

Времето што им е потребно на производителите на автомобили и другите компании да ги исполнат нарачките за чипови повторно се зголеми во септември, што покажува дека недостатокот на полупроводници ќе продолжи да го попречува заздравувањето на глобалната економија по пандемијата Ковид-19, пишува „Блумберг њуз“.

Според студијата на Susquehanna Financial Group, јазот помеѓу поставување налог за полупроводници и негово извршување се зголеми за уште пет дена во септември и во просек изнесува 21,7 недели. Чекањето се зголемува 9 -ти месец по ред и откако компанијата ги следи овие податоци, е најдолго од 2017 година.

Аналитичарот Крис Роланд од Susquehanna пишува дека времето на исполнување на нарачките за микроконтролерите повторно нагло пораснало, што е лош знак за производителите на автомобили кои беа тешко погодени од кризата.

Клучните добавувачи како што се NXP Semiconductors NV, Texas Instruments Inc., Infineon Technologies AG, ON Semiconductor Corp., Microchip Technology Inc., покажаа рекордно високо време за исполнување на порачките.

„Неодамнешните инспекции на дистрибутерите не покажуваат знаци на стабилизација во 2021 година, а прекинот на електричната енергија во Кина може да создаде нови тешкотии во синџирот на снабдување“, напиша Роланд.

Недостатокот на полупроводници ги погоди производителите на автомобили истовремено кога интеграцијата на новите технологии и преминот кон електрични возила стануваат клучни конкурентни боишта. Глобалната консултантска фирма AlixPartners минатиот месец процени дека глобалната автомобилска индустрија ќе загуби околу 210 милијарди долари од продажби само во 2021 година.