Кризата заврши, Обама го потпиша договорот за буџетот

17

sadАмериканскиот претседател Барак Обама го потпиша договорот за буџет кој помина во Сенатот и Претставничкиот дом, откако сенаторите се договорија за излез од кризата, неколку часа пред истекот на рокот за кревање на границата на задолжување, со што САД ќе влезеше во банкрот.

Договорот, сепак, е само привремен и не ги решава основните проблеми на трошење и дефицит кои ги поделија републиканците и демократите. Според договорот, средствата за финансирање на федералната Влада би биле продолжени до 15 јануари, додека лимитот за задолжување би важел до 7 февруари. Предвидено е следните неколку месеци да бидат искористени за конечен договор.

Од канцеларијата за буџет на Белата куќа ги повикаа стотиците илјади федерални работници, од кои најголем дел беа неактивни во изминатите 16 дена, да бидат подготвени да се вратат на работа во четврток.