Кројач соши панталони долги 70 метри и тешки 700 килограми

16

Кројач во Швајцарија сошил панталони долги скоро 70 метри и тешки 700 килограми во надеж да го сруши светскиот рекорд.

Кројачот Ксвендекар Келеш огромните панталони им ги покажал на жителите на швајцарското гратче Беромунстер, а како што истакнал, за изработка му биле потребни осум месеци.

Се надева дека ќе се запише во Гинисовата книга на рекорди, а ако успее од панталоните ќе изработи 12.000 платнени торби што ќе ги подари или продаде во локалните продавници.

Фото: Facebook