Серијата Friends заврши пред повеќе од една деценија, но многумина редовно ги гледаат епизодите и денес. Наскоро, обожавателите на оваа серија ќе може да резервираат крстосување посветено на серијата.
Крстарењето Fana World Travel со бродот Celebrity Equinox предвидува забава и активности со тема од серијата, a треба да исплови следната година.
На веб страницата за Cruise With Friends се наведува: Одете во авантура со вашите најдобри пријатели.
На бродот ќе има место за 500 обожаватели, а патувањето ќе почне во Флорида. Во текот на крстосувањето се предвидува застанување на места во САД и во Мексико. Ќе има забава во која сите гости ќе се облекуваат како ликовите во Friends, а и натпревар поврзан со факти од серијата и други активности што ќе бидат поврзани со серијата.
Цените за крстосувањето се од 1.649 долари, па нагоре, а најскапата соба, која вклучува и балкон, чини 3.049 долари. Во цената се вклучени интернет, пакет со пијалаци, како и ваучер за екскурзии.
Крстарењето ќе трае од 15 до 21 мај 2022 година, почнувајќи од Форт Лодердејл, Флорида.
Фото: Pixabay