Кружен мост за уживање во глетката

44

circular-bridge-uruguay-rafael-vinoly-21Крајот на минатата година го одбележа еден интересен кружен мост наречен “лагуна во лагуна”, дело на архитектонското студио Rafael Viñoly со седиште во Њујорк. Мостот се протега низ лагуната Garzón помеѓу градовите Роча и Малдонадо, на јужниот брег на Уругвај, пишува Inhabitat.

Идејата на креаторот е малку да се забави сообраќајот, а возачите и пешаците да уживаат во природата кога поминуваат преку мостот.

Концептот на Puente Laguna Garzon е трансформирање на традиционалното преминување преку мост во еден вид на авантура за уживање во глетката. Двете ленти на патот се двојат кога автомобилите влегуваат во кружниот дел на мостот, а се очекува истите да пренесуваат 1.000 автомобили дневно преку лагуната.

Пешачките патеки се поставени на двете страни на сообраќајните ленти за да можат туристите да го користат мостот за рекреација.

Проектот е финансиран од страна на Едуардо Константини, изведувач одговорен за развој на туризмот во градот Роча.

circular-bridge-uruguay-rafael-vinoly-12circular-bridge-uruguay-rafael-vinoly-15Untitled