Куба има нешто да им порача на туристите

Куба им порача на туристите со себе да не носат долари кога ќе доаѓаат во оваа карипска земја, бидејќи американската валута повеќе не е прифатена во земјата, порачува Франсиско Мајобра Ленс, прв потпретседател на кубанската централна банка.

“Луѓето кои доаѓаат овој период во земјата мора да дојдат со некоја друга валута освен доларот“, вели тој, пренесуваат светските медиуми.

На туристите ќе им биде дозволено да користат картички за плаќање, како и да подигнуваат готовина во други валути.

Кубанската влада најави дека банките во земјата привремено нема да дозволат прифаќање на готовина во долари. Хавана како причина за тоа ги навела острите американски санкции што ја спречуваат земјата да ја користи зелената банкнота за плаќање во странство.

Мерките стапуваат на сила на 21-ви јуни, а нивното траење ќе зависи од укинување на американските санкции.

Повеќе од 20 банки во светот престанаа да обработуваат доларски трансакции од Куба кон странство откако поранешниот американски претседател, Доналд Трамп ги прошири санкциите кон земјата.

Фото: Freepik