Куба планира девалвација од 95%, првпат по 61 година

59

Куба планира девалвација на својата национална валута – песо. Како причина за таквата одлука се наведува борбата на тамошните власти против американските санкции и коронакризата, па се обидува да го зголеми извозот и да го намали увозот, пишува Ројтерс.

Во рамки на реформите, чие спроведување треба да почне до крајот на годината, властите ќе ги обединат двете кубански валути (песо и конвертибилно песо).

Кубанската валута се очекува да девалвира за 95% на околу 20 песоси за долари, поради што се очекува значителен пораст на платите во државниот сектор, пензиите и цените.

Кубанските власти објавија дека уште некое време ќе го почитуваат важечкиот курс на конвертибилниот песо, за да може граѓаните и приватните компании да ги заменат конвертибилните за обични песоси.

Најголем дел од компаниите на Куба се во државна сопственост, а девизните курсеви ги одредува владата.

Фото: Pixabay