Кубанската вакцина влезе во трета фаза од истражувањата

40

Кубанската вакцина против коронавирус влезе во трета фаза од иста, што е прва вакцина од латинска Америка што стигна толку далеку.

Започна процесот на регрутирање на 44.000 доброволни на возраст од 19 до 80 години за вакцината Soberana 2, а првите тест вакцини ќе ги примат во Хавана следната недела.

Доброволците ќе бидат поделени во три групи: некои ќе примат две дози од вакцината во период од 28 дена, втората група ќе добие две дози и плус зајакнувач на имунитетот, а третата плацебо.

Третата фаза од истражувањето ќе заврши за три месеци откако е дадена третата доза од вакцината, но ако резултатите се добри, одобрението за итна употреба може да се добие порано.

Куба беше релативно поштедена од пандемијата со само нешто повеќе од 53.000 регистрирани случаи и 333 смртни исходи во популација од 11,2 милиони жители.

Под американска блокада, комунистичката земја почна да развива свои вакцини во 80-тите години на минатиот век и успеа да ја открие првата вакцина против бактерија што предизвикува менингитис.

Куба работи на четири вакцини против коронавирус, а Soberana 2 е направена врз база на рекомбинација на белковини. Делува на тој начин што создава шилци на површината на коронавирусот и ги става во телото, тренирајќи го имунолошкиот систем да ги препознае и да му го возврати ударот на вирусот во случај на зараза.

За оваа вакцина не се потребни екстремни услови за чување и транспорт.

Фото: Pexels