Kuehne + Nagel ги зголеми годишните резултати

25

Според извршниот директор на Kuehne + Nagel International AG, Детлеф Трефгер, 2018 година беше успешна година за компанијата.

“И покрај слабеење на пазарот кон крајот на годината, успеавме повторно да го зголемиме нето профитот, бруто добивката и добивката пред оданочување. Доследното спроведување на нашата деловна стратегија беше одлучувачко за овој успех. Со воведување на дополнителни дигитални платформи, со нови високо специјализирани решенија и насочени аквизиции, минатата година достигнавме значаен успех и ќе продолжиме да го следиме нашиот пат. Иако динамиката на раст на светската економија забави на крајот на 2018 година, ги потврдуваме нашите цели за годината што следи. Во 2019 година, имаме за цел да растеме двојно побрзо од пазариот и да ги подобриме нашите резултати, надополнети со избрани аквизиции во нашето портфолио“, вели Трефгер.

Групацијата Kuehne + Nagel оствари нето промет од 20.744 милиони швајцарски франци во 2018 година, што е зголемување од 11,7% во спoредба со претходната година. Ова зголемување, како што се наведува, произлегува од растот на обемот во сите деловни единици. Нето прометот се зголеми за 17% во Америка (Северна, Централна и Јужна), за 13,5% во Азија и за 9,3% во Европа, Блискиот Исток, Централна Азија и Африка.

Бруто добивката на компанијата, што претставува индикатор за подобри перформанси, изнесува 7.709 милиони швајцарски франци, што е за 9,8% повеќе во однос на претходната година. Бруто добивката се подобри за 14,1% во Азија, за 13,6% во Америка и 8,1% во Европа, Блискиот Исток, Централна Азија и Африка.

EBITDA (Earning before interest, tax, depreciation, amortization and impairment of property, plant and equipment, goodwill) се зголеми за 5,1% на 1.209 милиони швајцарски франци во споредба со претходната година.

EBIT (Earning before interest and tax), односно добивка пред оданочување се зголеми за 5,3% на 987 милиони швајцарски франци. Маржата на EBIT на Групацијата изнесуваше 4,8%.

Одборот на директори ќе предложи дивиденда по акција од шест швајцарски франци по акција.

“Годишниот резултат на Kuehne + Nagel Group уште еднаш ги покажа перформансите на компанијата. Во 2018 година ја проширивме нашата позиција како глобален водечки логистички провајдер и дополнително го подобривме нашиот резултат. Ова го потврдува стратешкиот фокус на Kuehne + Nagel Group. Во овој контекст, Одборот на директор се надева на успешна финансиска 2019 година. На среден и долг рок, сеопфатните процеси на трансформација ќе се одвиваат во сите области на глобалната економија и ќе претставуваат значајна можност за раст на Kuhne + Nagel“, изјави Јорг Воле, претседател на Одборот на директори на Kuehne + Nagel International AG.