Kuehne + Nagel групацијата во солидна кондиција

18

kuehne-nagel

Kuehne + Nagel групацијата повторно постигна профитабилен раст со постигнување на нови рекордни износи во однос на годишните приходи во износ од 720 милиони швајцарски франци (CHF), како и во однос на EBIT (добивка пред камати и даноци) маргина од 5,6%, стои во соопштението на компанијата.

“Си поставивме амбициозни таргети за 2016 година и сме задоволни од постигнувањето на истите со нов рекорден резултат. Во пазарна средина која ја карактеризираат повеќе предизвици, работиме успешно благодарение на нашиот фокус кон барањата на клиентите, нашиот пристап ориентиран кон изнаоѓање на решенија, како и благодарение на нашето портфолио на балансирани услуги. Во сите деловни единици се здобивме со значителни пазарни удели покрај понатамошното зголемување на вкупната профитабилност. Благодарение на нашето портфолио на скалабилни, индустриско специфични и од крај – до – крај решенија, како и врз основа на нашата оперативна ефикасност, ние сме добро позиционирани за понатамошен профитабилен раст кој ќе го забрзаме со селектирани аквизиции“, изјави  Д-р. Детлеф Трефцгер, извршен директор на Kuehne + Nagel Интернационал АД.

Во 2016 година, бројот на TEU (контејнери од 20 стапки) единици обработени од страна на Kuehne + Nagel за прв пат ја надмина бројката од четири милиони. Со зголемување на волуменот од 6,1%, групацијата бележи двојно поголем пораст споредено со пазарниот раст. Волуменот на групните пратки (LCL), исто така, бележи нагорна линија со посебен акцент на успешниот развој на деловните активности со климатизирани контејнери. Реномирани клиенти од фармацевтската и здравствената индустрија се ослонуваат на Kuehne + Nagel кога се работи за транспорт на температурно – осетливи производи. Kuehne + Nagel не беше во можност целосно да ги избегне ефектите од моменталната транспортна криза која започна во 2016 година и се должи на историско ниски стапки на износи за испорака и притисок врз намалување на маргините, како и на слабиот развој на нафтената индустрија и индустријата за производство на гас. Покрај зголемувањето на продуктивноста, EBIT (добивка пред камати и даноци) се намали за 3,1% во споредба со претходната година, каде EBIT (добивка пред камати и даноци) до бруто профитна маргина (стапка на конверзија) можеше да се одржи на индустриски водечко ниво од 31,4%.

Авионскиот транспорт постигна задоволителни резултати. На меѓународниот пазар на авионски транспорт, којшто се карактеризира како високо конкурентен, Kuehne + Nagel забележа пораст дури во четвртиот квартал со зголемување на тонажата од 4,3% односно 1.304.000 обработени тони пратки, со што ја подобрува својата позиција на глобалниот пазар како втор по ред најголем провајдер на услуги на авионски транспорт. Клучен фактор на успех претставува фокусот на индустриско специфични решенија за авионски транспорт, како што е KN EngineChain, специјализиран пакет на логистички услуги наменет за производство и резервни делови, како и одржување и сервисирање на авионски мотори. Водечкото решение на Kuehne + Nagel наменето за температурно – осетливи производи, фармацевтски и расипливи производи, генерираше значителни нови деловни активности. Подобрените маргини и оперативната ефикасност водеа до понатамошен раст на профитабилноста. Стапката на конверзија се зголеми од 29,3% од претходната година на 30,9%. EBIT (добивка пред камати и даноци) се подобри за 12,5% во споредба со претходната година.

Kuehne + Nagel го зголеми нето прометот во 2016 година за 11,9% благодарение на систематска експанзија на копнените активности во и надвор од Европа. Следејќи ја интеграцијата копнениот транспортен провајдер РеТранс од САД, компанија која е дел од групацијата од 2015 година, клиентите на Kuehne + Nagel од Северна Америка ги користеа бенефициите на интермодалните транспортни услуги. Копнените транспортни услуги со зголемувачко темпо се интегрирани во индустриските решенија кои ги обезбедуваат останатите деловни единици. Зголемувањето на бруто профитот од 7,3% како и подобрувањата на оперативните перформанси резултираше со значително поголема EBIT (добивка пред камати и даноци).

Фокусирањето на специјализирани од крај – до – крај за индустриите како што се автомобилската индустрија, е-трговија, high – tech индустријата, индустрија на стоки за широка потрошувачка, воздухопловната индустрија, фармацијата и здравствената заштита, резултираше со нови деловни добивки и последователен пораст на нето обртот од 5,7% во константните валути. Во 2016 година, имплементирани се повеќе од 100 нови логистички проекти; групацијата во моментов управува со повеќе од 10 милиони квадратни метри на магацински и логистички простор. Атрактивноста на портфолиото на услуги и квалитетот на имплементација, како и постојаниот процес на подобрување водат до значително зголемување на EBIT (добивка пред камати и даноци) од 23,5%.

По исплатените царински давачки, такси и даноци, Kuehne + Nagel групацијата постигна нето промет од 16.525 милиони CHF во 2016 година, и истото претставува намалување од 1,2% споредено со претходната година. Главна причина за намалувањето во однос на претходната година претставуваат историски ниските стапки во поморскиот и воздушниот транспорт како и негативните ефекти кај странските валути. Додека нето профитот бележи зголемување од 1,7% во Азиско – пацифичкиот регион, во регионот на Америка истиот бележи намалување од 3,2% и намалување од 1% во регионот на Европа, Среден Исток и Африка.

Бруто профитот, кој претставува подобар индикатор на перформанси кај логистичките компании од прометот, изнесува 6.550 милиони CHF, односно зголемување од 4,8% споредено со претходната година. Негативните валутни ефекти поседуваат влијание од 1,4%. Бруто профитот е подобрен за 8,1% во регионот на Америка, 5,9% во Азиско -пацифичкиот регион и 3,8% во регионот на Европа, Среден Исток и Африка.

Добивката пред камати, даноци и амортизација на имот, деловни објекти и опрема, вредност на компанијата и останати нематеријални средства (EBITDA) се зголеми за 6,6% на 1.110 милиони CHF споредено со минатата година. Валутните ефекти поседуваа негативно влијание од 0,8%. Регионот на Европа, Среден Исток и Африка генерираше најголем придонес во вкупната EBITDA добивка од 647 милиони CHF (58,3%), понатаму следува регионот на Америка со 245 милиони CHF (22,1%) и Азиско – пацифичкиот регион со 218 милиони CHF (19,6%).

Во 2016 година, добивката пред камати и даноци (EBIT) се подобри за 68 милиони CHF на вкупно 918 милиони CHF. Зголемувањето се должи првенствено на подобрување на профитабилноста. Негативните валутни ефекти поседуваат влијание од 0,8%. Регионот на Европа, Среден Исток и Африка генерираше најголем придонес во вкупната EBIT добивка од 509 милиони CHF (55,5%), понатаму следува регионот на Америка со 207 милиони CHF (22,5%) и Азиско – пацифичкиот регион со 202 милиони CHF (22%). EBIT маргината на ниво на групација изнесува 5,6%.

Бордот на директори ќе предложи 10% поголема дивиденда од 5,50 CHF (претходната година, дивидендата изнесуваше 5,00 CHF) до годишното генерално собрание на 9-ти мај, 2017 година.

“Kuehne + Nagel групацијата е во извонредна кондиција и со силна конкурентска позиција. Врз основа на целосните годишни резултати од 2016 година, компанијата може да гледа напред и кон иднината со доверба. Компетентноста, професионализмот и високото ниво на посветеност помеѓу вработените низ целиот свет, докажаната долгорочна стратегија, ефикасната и ефективна контрола на трошоци претставуваат главните чинители на успехот. Бордот на директори се заблагодарува на менаџерскиот борд за одличните перформанси. И бордот на директори, заедно со менаџерскиот борд ќе се соочат со предизвиците на пазарниот развој и конкурентската средина со посебен фокус и целосна посветеност“, изјави Д-р. Јерг Воле, Претседател на бордот на директори на Kuehne + Nagel Интернационал АД.