Kuehne + Nagel и GlaxoSmithKline го прошируваат партнерството со нов договор за дистрибуција низ Велика Британија

21

kine-nagel

Фото: Kuehne + Nagel

GlaxoSmithKline Plc (GSK), со седиште во Брентфорд, Лондон, е една од најголемите фармацевтски компании во светот. Kuehne + Nagel постигна договор да ја менаџира копнената дистрибуција на стока за широка потрошувачка и здравствена заштита на сите клиенти на GSK низ Велика Британија.

Новиот договор е проширување на соработката на Kuehne + Nagel и GSK, која се состои од транспортни услуги по вода, воздух и копно и контролниот логистички центар, потпишана како петгодишно глобално логистичко партнерство во 2016 година.

“По успешниот развој во воздушните и бродските операции во Kuehne + Nagel преку 2016 година како дел од партнерството со GSK, задоволни сме што сега сме наградени со бизнисот со копнена дистрибуција, особено во Велика Британија, каде што почна патувањето со GSK. Разбирајќи ги предизвиците со кои се соочуваат клиентите и зголемувањето на стандардите што ги бара пазарот, ѝ нудиме на GSK специјални решенија што ќе ѝ обезбедат конкурентска предност преку ефикасноста на синџирот на снабдување. Проширувањето на партнерството ќе овозможи GSK да продолжи да ги развива и доставува своите услуги, ќе продолжи глобалниот раст преку ефикасна дистрибуција на нивните производи во Велика Британија. Новата соработка ја истакнува континуираната посветеност на Kuehne + Nagel кон фармацевстката индустрија и индустријата за здравствена заштита, кои се од стратешко значење за нас, зајакнувајќи ја нашата позиција како лидер на пазарот”, вели Маркус Бенет, национален менаџер на Kuehne + Nagel, Велика Британија.

Со повеќе од 70.000 вработени на преку 1.300 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базирани ланец на услуги. Повеќе информации ќе најдете на https://home.kuehne-nagel.com/.