Kuehne + Nagel ја проширува услугата за железнички транспорт меѓу Азија и Европа

29

kuehne-nagel-580x308-580x308

Шест месеци по успешното лансирање на услугата KN Eurasia Express, Kuehne + Nagel продолжува со стратешко проширување на мрежата, стои во соопштението.

За прв пат, нуди услуги за пратки од северна Кина, Јапонија, Јужна Кореја и земјите од Југоисточна Азија до локации во Европа.

Меѓу новите точки е Чангчун, индустриски град во северна Кина, којшто сега е поврзан со германски Хамбург на неделно ниво. Овој пат, особено привлечен за купувачи од автомобилската индустрија. Исто така, за прв пат, Kuehne + Nagel нуди пратки меѓу Јапонија и Јужна Кореја, како и дестинации во Европа како комбинација од поморска и железничка услуга. Новитет е проширување на услугата KN Eurasia Express што ги вклучува земјите од Југоисточна Азија што се поврзани преку мрежата на Kuehne + Nagel.

Kuehne + Nagel е прв логистички провајдер што нуди железнички испораки на LCL (Less than container load) помеѓу Кина и Русија преку централен терминал во Москва. Како резултат на тоа, повеќе од 50 места за збир на стока во Кина ќе бидат поврзани со повеќе од 20 дестинации во Русија. Периодот на транзит во Москва е најмногу 24 дена, приближно половина од времето потребно за испорака по морски пат. Исто така, Kuehne + Nagel ја нуди првата директна врска меѓу Ксиан во Кина и Коувола во Финска. Времето на транзит е околу 14 дена.

“KN Eurasia Express е успешна приказна. Времето на испорака е многу побрзо во споредба со поморскиот транспорт, додека трошоците се многу пониски од авионскиот превоз, што го прави атрактивен производ за нашите клиенти. Оваа услуга ја прошируваме така што ги вклучуваме трговските центри во северна Кина, Јужна Кореја и Југоисточна Азија. Како прв логистички оператор што нуди консолидирани LCL пратки меѓу Кина и Русија, ние ги поврзуваме двете најголеми економии во светот. Со сите пратки преку KN Eurasia Express, нашите клиенти имаат бенефит од целосно транспарентниот процес“, вели Ото Шахт, член на Управниот одбор на Kuehne + Nahel AG International одговорен за поморски транспорт.