Kuehne + Nagel нуди брз, сигурен и флексибилен транспорт на пратки

44
filip
Филип Филиповски, менаџер за камионски транспорт во Kuehne + Nagel

Со повеќе од 69.000 вработени на 1.200 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базирани ланец на услуги. Со Филип Филиповски, менаџер за камионски транспорт во компанијата, разговаравме за предизвиците, за новите услуги…

БИ: Kuehne + Nagel (Кине и Нагел) е еден од клучните играчи во камионскиот транспорт во Европа. Можете да ни кажете нешто повеќе за вашата мрежа?

Со преку 125 години искуство, Kuehne + Nagel е еден од светските водечки логистички провајдери, кој нуди комплетно решение во ланецот за набавки. Зголемување на глобалната побарувачка, децентрализирано производство, нови пазари и зголемување на очекувањата на купувачите се само неколку причини кои ја тераат логистичката индустрија да ја преиспита својата стратегија и да ги прилагоди своите услуги на барањата на пазарот. Одговарајќи на тие потреби, Kuehne + Nagel нуди услуги за брз, сигурен и флексибилен начин за транспорт на пратките од место А до место Б. Нашиот тим од искусни стручни логистичари е потполно фокусиран за остварување на највисоките перформанси, да обезбеди вашата пратка да стигне до крајната цел безбедно и на време.

???????????????????????????????????????????

БИ: Како се справувате со предизвикот во однос на регулативите во различни земји, како на пример царински процедури?

Транспортот и дистрибуцијата се битни елементи кога се планира меѓународен транспорт. Изборот на вистинскиот начин на превоз е од суштинска важност за да се обезбеди дека извозот или увозот ќе биде завршен на ефикасен и економичен начин. Камионскиот транспорт може да се каже дека е најфлексибилна опција во меѓународното работење, особено внатре во ЕУ. Мрежата на автопатишта е добра и транзитирањето преку државните граници обично е брзо и ефикасно. Во ЕУ постојат голем број системи дизајнирани да се олесни транспортот на стока од ЕУ кон земјите што не се дел од Европската унија, како што е NTCS (нов комјутерски транзитен центар) и TIR транзитна постапка.

kn2

БИ: Kuehne + Nagel воведе две нови услуги во источна Европа – KN EuroLink Fix и KN EuroLink First. Кажете ни нешто повеќе за овие услуги.

Со нашата флота од преку 5.000 камиони и возила, како и долгорочни партнерски односи со одбрани превозници, Kuehne + Nagel нуди максимален капацитет и флексибилност за сите логистички потреби. Да се напомене дека сите наши превозници се редовно ревидирани за одржување на највисоките стандарди на квалитет. Во 2015 година, Kuehne + Nagel лансира два нови продукти кои се однесуваат на збирниот транспорт во источна Европа. Со тоа Kuehne + Nagel го зголеми своето портфолио за сигурни и исплатливи решенија за копнен транспорт за да се задоволат растечките потреби на клиентите. KN EuroLink Fix гарантира фиксни датуми на испорака, на денот одреден од страна на клиентот, после стандардното транзитно време. KN EuroLink First гарантира стандардни времиња на испорака за приоритетни пратки и нула доцнење. Двата продукта се однесуваат на пратки коишто не надминуваат 2,5 тони и максимум 2 должни метри. Овие две нови услуги на Kuehne + Nagel се основа на интегрираната збирна мрежа за источна Европа, која нуди максимална флексибилност. Целосна транспарентност за следење на пратките се обезбедува преку интернет страната. Двата нови продукта се атрактивни за различни индустрии, пред сè за компаниите за широка потрошувачка, малопродажба, автомобилската индустрија. За почеток услугите ќе бидат достапни во Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија.