Kuehne + Nagel со нова интернет страна

70

kine nagelKuehne + Nagel Македонија ја најави новата веб страна www.kuehne-nagel.mk. Интернет страната нуди нов дизајн, подобрена навигација, дополнителни алатки и подобрени содржини на македонски јазик.

Новиот изглед, лесната навигација и локалните содржини дозволуваат корисниците да добијат брза информација за портфолиото на услугите, како и информации за новитетите на Kuehne + Nagel Македонија. Интернет страната нуди следење на пратките со еден клик и директен пристап до веб-базираната алатка за прегледност на пратките на сите клиенти.

Логистиката е една од најпредизвикувачките индустриии, каде протокот на информации се одвива секоја минута 24 часа/365 дена во годината. Со таа цел, интернетот е многу значајна комуникациска платформа која игра значајна улога на корисниците на логистички услуги. Интернет страна со посветени содржини за локалниот пазар ни овозможува да комуницираме на најефикасен начин со нашите клиенти и партнери во Македонија, а тоа ни помага да го позиционираме нашиот бренд во локалното опкружување.

“Kuehne + Nagel е присутна во Источна Европа во 21 држава, со 18 различни јазици, а го започна овој проект за локализирање на интернет страната во 2013 год, се со цел да го подобри квалитетот и достапноста на информациите кон клиентите. Во исто време интернет страната нуди можност за онлајн барања на понуди и информаирање за актуелните кампањи”, соопшти Благица Трпезановска, национален менаџер на Kuehne + Nagel Македонија.