Kuehne + Nagel: Успехот продолжува во сите сегменти на работењето

22

Групацијата Kuehne + Nagel значително го зголеми EBIT (заработката пред камати и даноци) и заработката за периодот во првите девет месеци од 2018 година. Стапката на конверзија (коефициент на EBIT-бруто-профит) останува на високо ниво. Компанијата оствари силен раст на волуменот, со особено динамичен развој на поморскиот транспорт.

Д-р Детлеф Трефгер, извршен директор на Kuehne + Nagel International AG за оваа прилика изјави:

“Kuehne + Nagel ги продолжи својот динамичен перформанс од првата половина на годината и во третиот квартал и постигна многу позитивен резултат за првите девет месеци од 2018 година. Постигнатото во деловните единици поморски, авионски и копнени е исклучително. Во договорената логистика, резултатите се очекува негативно да влијаат на инвестициите во оперативната платформа, кои се реализирани според планот во оваа година. Врз основа на многу добри резултати во првите девет месеци, очекуваме оваа година да се заврши успешно.“

Поморски транспорт

Во овој вид на транспорт, Kuehne + Nagel го зголеми обемот за 8,8% и на тој начин порасна двојно побрзо од очекуваното. Во првите девет месеци од годината компанијата испорача 3.519 милиони стандардни контејнери (TEU), 284.000 повеќе во однос на истиот период од претходната година. Се остварија значителен број на нови бизниси благодарение на дигиталните  end-to-end решенија. Најбарани на пазарот беа двете дигитални платформи KN ESP и SeaExplorer, коишто старуваа во 2018 година. Стапката на конверзија од 29% останува водечкo обележје во индустријата.

Воздушен превоз

Авиопревозот го продолжи одличниот перформанс од претходните квартали. Тоннажата се зголеми за 16,0% на 1.302 милиони тони Со неодамнешното стекнување на бизнисот Panatlantic, специјалист за брза помош во Еквадор, Kuehne + Nagel продолжи да ја зајакнува својата мрежа во овој сегмент, по успешното завршување на интеграцијата на CFI Commodity Forwarders. EBIT е зголемен за 19,4% во однос на истиот период од претходната година на 271 милиони швајцарски франци. Стапката на конверзија остана висока на 30,3%.

Копнен транспорт

Kuehne + Nagel успешно работеше и на копно со нето-раст на прометот од 16,2% во споредба со истиот период од претходната година, додека бруто-добивката се зголеми за 15,6%. ЕБИТ се зголеми за 58,3% во однос на претходната година на 57 милиони швајцарски франци. Овие одлични резултати се должат на американскиот интермодален бизнис,  којшто имаше корист од зголемувањето на цените на нафтата и динамичниот развој на бизнисот во Европа, особено во Германија и Велика Британија.

Договорна логистика

Растот на договорната логистиката беше многу над очекуваното, при што нето-прометот се зголеми за 10,6%, а бруто-добивката за 10,7%. Бизнис перформансите се одвиваа добро во Северна Америка, Азија и Германија со ефективни решенија за е-трговијата. Со успешното отворање на нов систем за управување со дигитални складови и водечки дигитални end-to-end решенија беа постигнати клучни пресвртници во договорената логистика. Исто така Kuehne + Nagel се согласи за купување на кинеската логистичка група за автомобили и локална логистичка компанија во Индонезија.