Kuehne + Nagel: Зголемена динамика во обемот и резултатите

30

kuehne-nagel-580x308-580x308

Во текот на деветте месеци од 2017 година, групацијата Kuehne + Nagel забележа последователен раст. Сите деловни единици бележат значителни придобивки на пазарот. Споредбено со истиот период од претходната година, нето прометот се зголеми за 10,4% на 13.525 милиони швајцарски франци и бруто добивка поголема за 4,8% на 5.136 милиони швајцарски франци. Оперативниот резултат (earning before interest, tax, depreciation and amortization – EBITDA) се подобри за 2,8% на 840 милиони швајцарски франци и заработка за периодот од 1,3% на 540 милиони швајцарски франци, стои во соопштението.

Поморски транспорт

Со зголемување на волуменот од околу 8% во првите девет месеци од годината, Kuehne + Nagel ја потврди својата способност за постигнување на силен раст во пазарно окружување со посебни барања. Вкупно, групацијата управуваше со 230.000 TEU (twenty foot equivalent unit) повеќе во однос на претходната година, при што најсилното зголемување на обемот беше реализиран во трговијата во САД. Kuehne + Nagel, исто така, постигна двоцифрен раст во Латинска Америка. Групацијата значително ја подобри својата водечка позиција на пазарот со транспорт на контејнери и LCL (less than container load) операции. Во третиот квартал, Kuehne + Nagel ги подобри маргините преку автоматизација на внатрешните процеси, економија на обем и ефикасно управување со трошоците. Бруто профитната маргина беше на високо ниво од 29,2%, додека EBIT (earning before interest and tax – добивка пред камати и даноци) достигна 309 милиони швајцарски франци.

Авио транспорт

Во текот на деветте месеци од годината, Kuehne + Nagel го зголеми својот волумен во овој домен за 19% или над 180.000 тони, растејќи двојно побрзо од пазарот. Клучен фактор за овој позитивен раст е сеопфатната понуда на компанијата за логистички решенија по воздушен пат. Тие беа прифатени од фармацевтската, високотехнолошката и автомобилската индустрија. Логистиката за лесно расиплива стока продолжи успешно да се развива, со што дополнително ја прошири позицијата на Kuehne + Nagel  како лидер на глобалниот пазар во овој сегмент. Компанијата Trillvane, логистичка компанија за лесно расиплива стока од Кенија е дел од групацијата Kuehne + Nagel од септември оваа година. Со строга контрола на трошоците и зголемување на продуктивноста, поради автоматизација на процесите, Kuehne + Nagel компензира за притисокот на маргините и ја одржува стапката на конверзија.

Копнен транспорт

И покрај сезонските пазарни флуктуации, успешниот развој на копнениот транспорт продолжи и во третио квартал. Во текот на деветте месеци од 2017 година, нето прометот се зголеми за 5,2% и бруто добивка поголема за 4,6% во споредба со истиот период лани. Сите региони, особено Европа и Северна Америка, придонесоа за овој раст. Темелниот пристап, целосните логистички решенија, како и специфичните услуги за различни индустрии, беа клучни двигатели за раст. Како резултат на постојаната оптимизација на процесите, добивката пред оданочување се зголеми од 18 милиони швајцарски франци во 2016, на 36 милиони франци оваа година.

Логистички договори

Во првите девет месеци од годината, Kuehne + Nagel освои значителен број на нови договори, а деловните активности во Азија имаа зголемена динамика. Преземањето на две специјализирани фармацевтски логистички компании во Италија и Турција, коишто сега се интегрирани во мрежата на Kuehne + Nagel, овозможуваат понатамошно проширување на фармацевтската логистика. Исполнувањето на електронската трговија се одвиваше со забрзано темпо. Бруто добивката се зголеми за 7,7%, оперативниот резултат е подобрен за 14,2% во споредба со истиот период претходната година. EBIT се зголеми за 14% на 114 милиони швајцарски франци.

Детлеф Трефгер, извршен директор на групацијата Kuehne + Nagel изјави: “Со силен раст на обемот и со активно управување на трошоците, дополнително ги подобривме резултатите во третиот квартал, во согласност со нашите очекувања. Развојот на бизнисот во првите девет месеци од 2017 година го потврдува нашиот стратешки фокус на решенијата за создавање вредност и прави да бидеме сигурни дека ќе ја постигнеме целта за профитабилност што ја поставивме за деловната година“.